„ПАДА ВЛАДА“ ВО ИТАЛИЈА: Конте ќе поднесе оставка

Италијанскиот премиер Џузепе Конте најверојатно ќе поднесе оставка до претседателот Серхио Матерли вечерва или утре наутро, со надеж дека ќе добие мандат за формирање нова влада, изјави неименуван извор од владата за „Ројтерс“.

На прашањето да ги коментира наводите на италијанските медиуми дека Конте планира да поднесе оставка по седницата на владата, овој извор рече: „Веројатно е, денес или утре наутро“.

Со оставка, Конте сака да го избегне ризичното гласање во парламентот што ќе се одржи оваа неделата, поради контроверзниот извештај за судството и да добива повеќе време да убеди некои пратеници да ја поддржат владата, бидејќи минатата недела го загуби мнозинството во Сенатот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!