Во областа околу селото Мечечанин во Хрватска, се отвориле нови 13 дупки во текот на последните неколку дена, а досега на тоа подрачје се регистрирани 51 отвор.

Тоа е областа неколку километри јужно од Петриња и Сисак, област кој на 29. декември минатата година ја погоди силен земјотрес во кој имаше и жртви.
Главно дупките биле отворени на земјоделско земјиште.

Најдлабоката се наоѓа на длабочина од 15 метри, се наоѓа во близина на семејна куќа.
Поради овие дупки, стручњаците нагласуваат дека е клучно во следните шест месеци да не се превземаат никакви активности во санирање на отворите на тлото.
Велат дека ќе ја следат ситуацијата, и доколку се воочи опасност, ќе се реагира правовремено.