недела, 28 февруари, 2021

Страшно: 11 годишно момче починало од корона на Инфективна клиника во Загреб, дошло до ретки компликации

Дете старо 11 години, почина во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести Д-р Фран Михаљевиќ во Загреб како последица од коронавирусот.

Тоа е најмладата жртва на коронавирусот во Хрватска. Неофицијално, детето немало никакви претходни болести, туку дошло до ретки компликации.

Станува збор за мултиорганско воспаление кое се јавува како претеран имунолошки одговор. Синдромот има симптоми слични на синдромот на тоскичен шок и болеста „Кавасаки“ и предизвикува восплание на крвните жили по целото тело.

Затоа хрватските здравствени власти испратија апел до родителите веднаш да побараат лекарска помош ако детето има температура повисока од 38 степени 24 часа или подолго, и има некоја од наведените симптоми: слабост, црвен осип, болки во стомакот, повраќање и дијареа, црвени испукани усни, црвени очи, отоци во рацете или нозете.

Извор: mk.tv21.tv

Коментари

коментари

error: Content is protected !!