петок, 26 февруари, 2021

НОВА ГОЛЕМА СПОРТСКА ТРАГЕДИЈА: Падна авион, НАСТРАДАА ЧЕТВОРИЦА ФУДБАЛЕРИ и претседателот на клубот

Трагичен настан го потресе Бразил. Се урна авион при што загинаа шест лица, а подоцна беше утврдено дека станува збор за претседателот и фудбалерите на клубот Палмас, и пилотот кој управувал со авионот.

Бразил уште еднаш е обвиткан во црно, како и фудбалскиот свет, бидејќи четворица фудбалери заедно со претседателот на клубот Лукас Меира и пилотот загинаа во авионската несреќа.

Тие се упатија кон натпреварот што овој бразилски клуб требаше да го игра во понеделникот, а неколку моменти по полетувањето авионот се сруши.

Во несреќата загинаа четворица фудбалери Лукас Пракседес, Гиермо Ноа, Рануле и Маркус Молинари, како и претседателот Меира и пилотот.

Веста за смртта на фудбалерите и претседателот ја потврди и Палмас, бразилскиот нисколигаш, додека пораки за поддршка и сочувство испратија многу бразилски и светски клубови. Меѓу нив е и Вила Нова, со која требаше да се одигра натпреварот:

-Вила Нова со тага и жалење ја дочекува веста за падот на авионот. Изразуваме сочувство до сите пријатели и семејства на жртвите. Ние се согласуваме да го одложиме натпреварот, и ќе оддадеме почит на загинатите на нашиот следен натпревар – тоа е дел од соопштението на клубот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!