петок, 26 февруари, 2021

14-14: Македонија Белорусија нерешено на полувреме – Дали ќе извојуваме победа на последниот натпревар од првенството

Ракометната селекција на Македонија го игра последниот натпревар од не така успешното Светско првенство во Египет.

Наш последен противник е селекцијата на Белорусија, а селекторот Данило Брестовац мораше да го менува тимот за овој натпревар. Поради повреди повторно изоставени се ракометарите на Еурофарм Пелистер, Велковски и Танкоски, додека прв повик доби голманот на Охрид, Никола Даниловски.

Дуелот против Белорусија започна во 15:30 часот, а истиот е втор меѓусебен на овие две селекции, по оној од пред пет години во Краков, кога загубивме со еден гол разлика, 29-30.

После првото полувреме ресултатот е нерешен, 14-14.

Денес момците и Данило Брестовац можат да ни покажат како се гине за националниот дрес, бидејќи една одлична партија и победа против Белорусија може многу да промени во конечната слика на Македонија.

Брестовац мора да ја најде вистинска тактика како да се надмудри последниот противник во Египет, а неговите пулени да го спроведат тоа на терен и без разлика на конечниот исход нека прикажат мотивирана и борбена игра која што македонските фанови секако дека ја заслужуваат.

Останува да видиме дали тоа ќе се случи во второто полувреме и дали ќе го ззавршиме првенството со победа!

Коментари

коментари

error: Content is protected !!