понеделник, 25 октомври, 2021

Во понеделник е 25 јануари – Еве зошто овој датум ќе беше ПОСЕБЕН за ТОШЕ

Во понеделник е 25 јануари, ден на кој беше родена нашата ѕвезда, впрочем, и една од најголемите балкански музички ѕвезди, Тоше Проески. Човекот кој освен огромен талент поседуваше и огромно срце и секогаш имаше љубов за сите. Човекот кој докажа дека музиката нема граници и човекот кој ни покажа дека хуманоста треба да биде задолжителна особина.

Но, зошто е посебен овој датум?

Овој роденден требаше да биде љубилеен 40-ти роденден за нашиот Тоше. Роден е како Тодор Проески во Прилеп, во семејство кое живее во Крушево.

Неговата блескава кариера започнува со настапот на „Мелфест“ во Прилеп каде победи, изведувајќи ја песната „Yesterday“ од Битлси.

Тоше соработуваше со еден од најголемите македонски композитори и текстописци, Григор Копров, а од таа соработка излегоа хитовите кои сите добро ги паметиме, „Усни на усни“ и „Сонце во твоите руси куси“.

За да го подобри своето пеење тој дури го има посетено и Вилијам Рајли, човекот кој го учел Лучијано Павароти, а по враќањето од Њујорк одржува неколку хуманитарни концерти низ Македонија.

Првото место на Беовизија 2003-та го освои со песната „Чија си“, која воедно стана и еден од неговите најголеми хитови.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт, кој беше хуманитарен и за подобрување на условите во образованието во земјата, го одржа на Градскиот стадион во Скопје на 5 октомври 2007.

Во негова чест стадионот од оваа година го носи името Национална арена „Тодор Проески“

Непознати песни од Тоше Проески беа објавени во албумот Secret place, кој беше промовиран минатата година на голем концерт во ноември кога во чест на Тоше настапија негови колеги од Балканот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!