петок, 26 февруари, 2021

Тој има 190 килограми, а таа 50 – сопругата открива колку е потребно за тој да се задоволи со храна

Триесетгодишниот Хафтур Јулијус Бјорнсон е висок 206 сантиметри и има од прилика 190 килограми, додека неговата сопруга, фитнес инструкторка Келси Хенсон е висока 158 сантиметри и не му е ни до рамена.

Полесна е од него дури 140 килограми.

Ѕвездата од серијата „Игра на тронови“ кој го толкува ликот Планина, со својата сопруга бил главна атракција во средата во Њујорк, на светската премиера на осмата и последна сезона на серијата.

Парот не обрнува внимание на злобните коментари поврзани со нивниот изглед, а актерот е особено горд затоа што важи за еден од најсилните мажи на светот.

Тој признал дека никогаш не може да лета во авион со економска класа, туку мора во бизнис класа.

Неговата сопруга открила дека за да го нахрани ѝ треба многу храна.

-Тој јаде навистина многу. Ако одиме во супермаркет, ни треба камион за да ги подмириме неговите потреби – рекла Келси.

Бидејќи пријателите секогаш ги интересира како изгледа нивниот интимен однос, тој одговорил: „Таа е секогаш горе“.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!