Пописот ќе се спроведе на пролет – Еве каква казна ќе заработите ако одбиете да се попишате според одредбите од Законот

По речиси две децении во државата се создадени сите нормативни услови за спроведување на попис, по сите меѓународни стандарди и по прописите на Евростат, откако мнозинството во собранието предводено од СДСМ, го изгласа законот за попис.

Со пописот што ќе се одржи на пролет, со оваа најобемна статистичка операција ќе се соберат релевантни, точни податоци за географски, демографски, економски, образовни, миграциски, културолошки карактеристики како и информации за инвалидитет, односно функционална попреченост на населението.

Во Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, кој е се изгласа од Собранието, предвидени се и казнени и прекршочни одредби.

Повреда на Пописот

Глоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице ако одбие да ги даде податоците што се бараат од него за Пописот или ако даде неточни податоци.

Глоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице, ако како учесник во Пописот неовластено издаде податоци од Пописот на трето лице или ако во својство на државен инструктор, реонски инструктор и попишувач, односно член на Комисијата за пописен реон нема да постапи во согласност со упатствата и инструментите за спроведување на Пописот и овој закон.

Тој што ќе уништи, прикрие, оштети, преправи или на друг начин ќе стори да бидат неупотребливи внесените податоци на пописната апликација, ќе се казни со казна затвор од најмалку три години. Ако делото  го стори учесник во Пописот или друго службено лице при спроведувањето на Пописот, ќе се казни со казна затвор од најмалку пет години. За ова кривично дело постапката е итна.

Пред поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот суд се спроведува постапка за порамнување согласно Законот за прекршоците. За прекршоците утврдени со овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува надлежен суд.

Извор: akademik.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!