недела, 28 февруари, 2021

Д-р Менон тврди: Овие симптоми покажуваат дека премногу маснотии се насобрале во црниот дроб


Замастен црн дроб е сериозен здравствен проблем предизвикан од складирање на вишок маснотии во црниот дроб.

Доколку не се лекува, вишокот маснотии може да доведе до посериозно заболување на црниот дроб. Оваа болест е најопасна за луѓето кои се дебели, односно имаат многу масни наслаги во пределот на половината – т.н висцерални масти.

Исто така, оваа болест им се заканува на оние кои страдаат од висок крвен притисок, холестерол, постари од 50 години и пушачи.

Здравиот црн дроб содржи мала количина маснотии. Проблемот се јавува кога маснотиите достигнуваат од 5 до 10 проценти од тежината на вашиот црн дроб.

Без здрав црн дроб, нема здрав организам, затоа е исклучително важно да се грижиме за здравјето на овој витален орган, велат лекарите. Овој орган му помага на телото да се бори против инфекции, исфрла токсини, ја чисти крвта и игра клучна улога во метаболичките процеси. Кога црниот дроб е загрозен, целокупното здравје е исто така загрозено.

Постојат неколку сигнали кои можат да покажат дека нешто не е во ред со црниот дроб, пишува Стил. Еден од симптомите е надуеност која трае со денови, позната и како асцит.

„Зголемениот притисок во крвните садови околу црниот дроб може да доведе до акумулација на течност во стомакот“, објаснува д-р Менон, медицински директор за трансплантација на црн дроб на Кливлед Клиника. “

Ако оваа состојба не се подобри во рок од една недела, добро е да се обратите кај лекар за да видите дали отокот е директно поврзан со лоша состојба на црниот дроб. Ова е еден од најчестите први симптоми на замастен црн дроб што ги пријавуваат пациентите “, вели тој.

Други симптоми кои можат да укажат на овој здравствен проблем се болка во горниот десен дел на стомакот, замор, слабост и ненадејно слабеење.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!