Бајден со закана до Русија: Ќе одговарате за своите постапки, и тоа набргу

Американскиот претседател Џо Бајден ја отфрли можноста за „ресетирање“ на билатералните односи со Русија, пишува „Вашингтон пост“ повикувајќи се на свои извори.

Исто така, се наведува дека администрацијата на Бајден, во пресрет на извештајот на разузнавачката служба за последните потези на Русија, се подготвува за нови мерки против таа земја.

.

.

Според весникот, оваа недела Бајден ќе побара од директорот на Националната разузнавачка служба, Еврил Хејнс, целосен извештај за Русија, вклучувајќи наводно руско мешање во изборите во САД во 2020 година, ситуацијата околу Алексеј Навални, наводни награди за напади врз американски трупи во Авганистан и масовни сајбер напади врз американските федерални институции.

Во исто време, дописникот на агенцијата „Блумберг“, Салеха Мосин, известува дека кандидатката за позиција министер за финансии на САД, поранешната шефица на американските федерални резерви, Џенет Јелен, исто така, поддржала остри санкции против „руските актери“.

„Посветена сум на ригорозното спроведување на санкциите, насочени кон руските актери поради територијалната агресија во источна Украина и Крим и други закани по националната безбедност на САД“, му напишала таа на новинарот на Твитер, цитирајќи ја Јеленова.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!