недела, 28 февруари, 2021

ВАКВО НЕШТО НИКОЈ НЕ ОЧЕКУВАШЕ: Над 100 милијарди долари исчезнаа преку ноќ – лоши вести за оние што „копаат“ Биткоин

Вредноста на биткоинот после подолг период повторно почна да паѓа. Падот на таа дигитална валута е забележан во четвртокот на 21 јануари, вредноста опадна за 10 проценти во рок од 48 часа.

Цената на биткоинот се проценува на 32.527 долари, и за прв пат после 13 јануари е под 33.000 долари.

.

.

Најпознатата криптовалута во светот имаше постојан раст во неколку недели и достигна вредност од 41,940 долари. Сепак, дојде до нагло опаѓање на вредноста на биткоинот

Итер, друга крипто-валута исто така имаше пад во вредноста за 10 проценти во однос на претходните 2 дена. Максималната вредност на оваа криптовалута достигна вредност од 1.439 долари на 19 јануари, според податоците на Coin Metrics.

Вкупната пазарна вредност на сите криптовалути падна за 100 милијарди долари во рок од 48 часа.

Сепак, вредноста на биткоинот и понатаму е во „плус“ , дури за 150 проценти во изминатите три месеци.

И покрај ова, скептиците мислат дека биткоинот е само уште еден „балон на пазарот кој чека да пукне“. Оваа криптовалута е позната по својата нестабилност. Нагло скокна на близу 20.000 долари на крајот на 2017 година пред да опадне следната година.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!