Американскиот претседател Џо Бајден го остранил „црвеното копче“ кое неговиот претходник Доналд Трамп го поставил на работната маса во Овалната соба за повик на батлерот да донесе диетална кока-кола.
Во првата година од мандатот на Трамп никој не занел дека воопшто постои такво копче, но новинарка на „Associated Press“ забележала нешто чудно. Таа тогаш опиша како претседателот притиснал копче по што веднаш во кабинетот влегол батлерот на Белата куќа со чаша диетална кока-кола на сребрен послужавник. Истото го забележале и други новинари кои го интервјуирале претседателот.

Со тоа е откриено дека Трамп имал слабост кон газираниот пијалок. Тој наводно пиел и по 12 чаши кока-кола дневно.
Сега, откако Бајден е на функција, копчето повеќе го нема, пишува денеска NewsWeek.
Кога службите во Белата куќа го известиле Бајден дека Овалната соба е подготвена, го прашале дали сака да го задржи копчето за диетална кока-кола. Бајден наводно прашал: „Какво копче, побогу?“

На Twitter е веднаш почнаа шеговити дискусии во врска со „копчето на работната маса на претседателот“. На пример, какви сѐ не придобивки има еден претседател и дали тоа треба да остане.
Покрај копчето за диетална кока-кола, Бајден го остранил и тепихот со светли линии во форма на зраци поставен од Трамп во кабинетот и го вратил темносиниот тепих со претседателски печат на средината, од времето на Бил Клинтон.
Извор: kajgana.com