петок, 26 февруари, 2021

Тешка сообраќајка во Скопје: Три лица се повредени

Тешка сообраќајка во Скопје, по што се повредени три лица и пренесени во болнца.

-На 21.01.2021 во 09.00 часот на крстосницата од улиците „Киро Фетак“ и „Антон Димитров“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу моторно возило „голф 5“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(62), во кое како сопатник се превезувал И.Б.(27) и патничко возило „голф 4“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(43), сите од Скопје- информираат од МВР.

По незгодата Б.С. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди, додека В.Б. и И.Б. биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде им се констатирани телесни повреди.

Извршен е увид на местото на несреќата.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!