понеделник, 28 ноември, 2022

Македонско – бугарската Историска комисија ќе разговара за технички прашања

Претставници на бугарско-македонска Заедничка комисија за историски и образовни прашање денеска ќе одржат онлајн состанок на кој треба да ги прецизираат текстовите на записниците од претходните средби, кои сè уште не се потпишани.

На средбата ќе учествуваат по тројца претставници од двете страни.

Копретседавачот на комисијата од македонска страна, Драги Ѓоргиев за МИА потврди дека разговорите ќе бидат од техничка природа.

.

Бугарски член на Комисијата за БГНЕС, пак, потврдил дека на денешните разговори нема да се дискутира за никакви историски прашања.

Во 2021 година се очекува Комисијата да има пет состаноци, од кои првиот треба да се одржи во февруари, но неговиот датум се уште не е договорен. Последниот, 11-ти состанок на Заедничката комисја се одржа на 4 декември.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!