понеделник, 19 април, 2021

Куба планира производство на 100 милиони вакцини против коронавирусот

Куба планира да произведе 100 милиони дози од вакцината за коронавирус оваа година, објави државниот весник „Гранма“, пренесува Си-Ен-Ен.

Според овој официјален весник на кубанските власти, државата во моментов ја спроведува втората фаза на тестирање на својата вакцина „Соберане2“ на 900 лица на возраст од 19 до 90 години.

.

Кубанскиот весник изјави дека здравствените власти планираат да ја започнат третата фаза на тестирање вакцини врз деца во февруари.

Висенте Верес Бенкомо, генерален директор на кубанскиот институт за вакцини „Финлеј“, рече дека кубанските власти се надеваат дека ќе вакцинираат 11 милиони Кубанци оваа година, а потоа ќе ја продадат вакцината во други земји.

Тој рече дека Виетнам, Иран, Венецуела, Пакистан и Индија изразиле интерес за купување на вакцината кога е достапна за безбедна употреба, според Си-Ен-Ен.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!