недела, 28 февруари, 2021

Ѓукиќ ќе биде замената за Чупиќ во Вардар

Иван Чупиќ по крајот од сезоната ќе го напушти Вардар и ќе се пресели во Загреб, а неговата замена треба да биде поранешниот ракометар на Металург, Дарко Ѓукиќ.

26-годишниот српски ракометар Дарко Ѓукиќ ќе биде ново десно крило на Вардар. Тој е познат на македонската јавност по настапите за Металург со кој играше и во Лигата на шампионите.

Но во Металург дојде во погрешно време, кога клубот имаше низа проблеми, па брзо си замина.

Ѓукиќ две сезони играше за Кјелце, па за Мешков Брест, а лани настапуваше за Спортинг Лисабон.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!