недела, 28 февруари, 2021

Дали маските ги маскираат нашите емоции?

Пандемијата на коронавирусот донесе големи грижи и предизвици, нормалноста ја сврте наопаку, но исто така одржа лекција што ќе ја научат многу генерации после нас. Таа ни ги отвори очите кон поширок поглед и создаде нови погледи за животот, светот, секојдневието и првиот сосед.

Така, повеќето луѓе не ја разбираа важноста на говорот на телото, односно невербалната комуникација, сè додека маските не станаа вообичаена работа.

Експертот за слика и животен тренер Чарлс Густафсон истакнува дека изразите на лицето сè уште можат да се забележат на очите, веѓите и движењата на главата, дури и кога се носи заштитна маска.

-Деведесет и три проценти од начинот на комуникација е невербален, што значи дека сме пренеле информација без да сме рекле нешто. Значи, тоа ги вклучува нашите гестикулации, очите, веѓите, навалување на главата, климање со главата. Овие гестови ни овозможуваат да учиме за другите луѓе и да се поврземе со нив.

Чарлс вели дека најмногу внимание треба да се посвети на очите.

-Очите се прозорци на душата, оние кои најмногу комуницираат кога станува збор за љубезност и отвореност. Можете да ги користите тие „прозорци“ за да омекнете, да се насмевнете, дури и ако устата ви е покриена, рече тој, како што пренесува ctvnews.ca.

Тој додаде дека кога некој се насмевнува со устата, неговите очи ги покажуваат истите пораки, нагласувајќи ја важноста на контактот со очите при носење маска. Очите и веѓите во одредени ситуации можат дури и подобро да изразат нечии чувства отколку устата.

Фото: Илустрација

За оние кои сакаат да станат подобри во пренесувањето и покажувањето на своите чувства додека носат маска за лице, Чарлс Густафсон вели дека практиката е клучна.

-Погледнете во огледало и откријте што прави вашето лице. Што прави вашето лице додека одмарате? Што прави твоето лице кога се смееш? “ Треба да знаете што прави вашето лице кога сакате да кажете нешто. Испитајте се под маска.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!