среда, 22 септември, 2021

Велика Британија: Третина од лечените од Корона, по пет месеци морале повторно во болница

Една третина од оние кои се лекувале од коронавирус морале да бидат повторно хоспитализирани по пет месеци. Според студија на британскиот универзитет Лестер и официјална статистика, едно од осум лица починало поради здравствена компликација.

Од 47.780 лица кои биле отпуштени од болница во Велика Британија, 29,4% по 140 дена морале да одат повторно во болница. Од таа бројка, 13,3 проценти починале.

Многу луѓе кои имале долгорочни последици од коронавирусот, имаат здравствени проблеми со срцето, дијабетесот, црниот дроб и бубрезите, покажа истражувањето.

“Луѓето ја напуштаат болницата, имаат долгорочни последици од коронавирусот, се враќаат во болница и умираат. Гледаме дека тоа беше случај со 30 проценти од луѓето, а тоа е многу. Бројките се навистина големи”, изјави авторот на студијата Камлеш Кунти.

Според него, потребно е да се подготвиме за она што се нарекува долгорочен коронавирус. Затоа, тој смета дека е потребно да се обезбеди следење на пациентите за време и по третманот.

Кунти, кој е експерт за третман на дијабетес и васкуларна медицина, вели дека постои значително поголема можност оние кои биле лекувани од коронавирус повторно да бидат примени во болница, во споредба со оние кои имале некои други здравствени проблеми.

Тој посочи дека има многу кои повторно биле примени во болница, но со некои нови дијагнози. Затоа, тој ја забележа важноста на соодветната терапија.

Меѓу оние кои повторно побарале медицинска помош откако се лекувале од коронавирус, биле луѓе кои имаат проблем со дијабетес или срцеви заболувања. Ова истражување сè уште не е разгледано, пренесува Њујорк пост.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!