понеделник, 18 октомври, 2021

Основачот на Алибаба се појави во јавноста по два и пол месеци

Кинескиот милијардер Џек Ма се појави на видео-конференција по два и пол месеци, па се појавија шпекулации за судбината на неговата компанија Алибаба, пренесуваат светските агенции.

Џек Ма исчезна од јавноста откако јавно ги критикуваше регулаторните тела за финансии на крајот на октомври.

Ова предизвика шпекулации на Интернет дека Ма, најпознатиот кинески бизнисмен и симбол на нејзиниот технолошки бум, е уапсен или може да има проблеми со законот.

Џек Ма, чие богатство се проценува на 48 милијарди евра, преку видео конференција им се обрати на наставниците од руралните области, а во својот говор ги пофали напорите на комунистичкиот режим за искоренување на сиромаштијата.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!