(ВИДЕО) Погледнете: Путин нурна три пати во ледена вода и се прекрсти за да го одбележи празникот Богојавление – Водици

Традиционално за Водици и годинава Путин нурна во ледена вода, соопштија руските медиуми.

И оваа година, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, не пропушти да се нурне во ледената вода и со тоа да го одбележи празникот Богојавление – Водици.

Ноќта помеѓу 18 и 19 јануари, православните верници го слават Богојавление. Во спомен на крштевањето на Исус Христос, тие влегуваат во ледената вода и покрај зимскиот студ и пливаат кон Светиот крст.

А, рускиот претседател Владимир Путин ја почитува таа традиција.

Иако не плива за Светиот крст, 68-годишниот државник го слави овој празник и не избегнува ледена вода.

Скоро секоја година, претседателот на Русија, без двоумење, влегува во вода без оглед на температурата на водата и воздухот и другите временски услови.

Така беше и оваа година. Путин нурна три пати и се прекрсти, а сето тоа беше забележано од медиумите.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Извор: faktor.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!