петок, 26 февруари, 2021

Родители внимавајте: На социјалните мрежи се шири нов предизвик кој може да биде опасен за децата

На социјалните мрежи и меѓу младите од регионот се шири новиот предизвик, тинејџерите масовно вадат мразови од прозорците и крововите, а потоа ги јадат.

Снегот кој наврна по градовите, без оглед дали е жолт или не, содржи многу штетни отрови, предупредуваат експертите.

Еден експеримент спроведен во 2016 година покажал дека само еден час откако снегот наврнал, бил полн со опасни отрови за луѓето.

Специјалистот за општа медицина, Бранка Грујиќ наведува дека ваквиот тренд е многу опасен и предупредува дека доколку изедете еден мраз од надвор, исто е како да сте испиле затруена вода.

-Младите на овој начин себеси сериозно си го загрозуваат животот. Дали некогаш би испиле, студена загадена вода.

Еден мраз е како тоа да сте го направиле. Де не зборувам што содржи таквиот одмрзнат мраз, валканици, птичји измет… Може да дојде и до труње, но секако никако не треба да се лиже – предупредува Грујиќ.

Извор: centar.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!