понеделник, 26 јули, 2021

Кога се очекува да пристигнат вакцините од Србија?

Србите ќе ги донесат вакцините од Фајзер во земјата и од камион директно ќе бидат складирани во фрижидерите во поликлиниката Бит Пазар. Се уште не се знае кога ќе стигнат 8000-те илјади дози кои ги отстапува нашиот северен сосед и дали тоа ќе биде овие денови.

Она што е познато е дека Филипче и неговиот колега Лончар ги финализираат процедурите за увоз и ставање во промет на вакцините а треба да утврдат и дали Македонија ќе ги купи или пак ќе бидат донација.

Српскиот претседател Вучиќ објасни дека помошта за македонскиот народ е братски и пријателски потег.

-Разговаравме со Северна Македонија во рамките на т.н. мини Шенген. Би сакал да констатирам дека нема ништо да ни вреди сите нас да бидеме здрави, а луѓето во соседството да имаат безброј проблеми.

Ние можеме да бидеме среќни само ако и соседите се среќни и задоволни. Секако дека треба да му помогнете на некого кога му е тешко, онолку колку што можеме да помогнеме, ќе помогнеме.

На премиерот Зоран Заев кој бараше и се бореше за својата земја да обезбеди нешто и јас мислам дека ова не е само пријателски и братски потег кон народот во Северна Македонија, ова ја покажува и нашата одговорност, дека не живееме во затворен сад, туку дека мора да размислуваме и за нашите комшии, како што сум сигурен дека и тие нас би ни помогнале, изјави Александар Вучиќ.

Додека ние ги чекаме првите вакцини, во Србија денеска почна масовната вакцинација на населението со повеќе од еден милион вакцини на располагање. Деновиве очекуваат големи количини и од руската а преговараат и за вакцината од Астра Зенека.

-Освен што го познавам начинот на функционирање на управата во нашата земја, знам како функционира и во Брисел и во целиот свет. Точно знаев како ова ќе биде и затоа навреме почнавме до билатерални преговори и со Американците и со Британците, Русите, Кинезите и сите останати. Еден човечки живот во земјата ми е многу подраг од било која вест во светот,вели Вучиќ.

Македонските здравствени власти велат дека има оперативен план, подготвени се и тимовите за имунизација а точно се знае и редоследот на имунизација. Со вакцините од Србија ќе почне заштитата на здравствените работнции од ковид центрите а меѓу првите ќе бидат и постарите лица како и хронично болните.

Наредниот месец, пак, треба да стигнат и првите 5850 вакцини од Фајзер што е резултат од директните преговори меѓу МЗ и компанијата а од СЗО увењруваат дека истиот период ќе почне и испораката од Ковакс.

Извор: Сител

Коментари

коментари

error: Content is protected !!