(ФОТО) Одбележуваат Водици како да нема корона – Верниците денеска пливаа по Светиот крст во Белград

Во Белград, и покрај пандемијата со коронавирусот денес се одржа традициланлното фрлање на светиот крст.

Верниците денеска пливаа по Светиот Богојавленски крст на Ада Циганлија, а се појавија првите фотографии од настанот.


Поради епидемијата на коронавирус, традиционалниот настан не бил од натпреварувачки карактер и се собрале многу помал број натпреварувачи и публика отколку претходните години.

Вкупно 12 натпреварувачи се нурнаа во студената вода како дел од традиционалното одбележување на празникот Богојавление – Водици.

Извор: Канал 5

Коментари

коментари

error: Content is protected !!