понеделник, 26 јули, 2021

Роберт до Агнеса: Само ме занима кога ќе престанеш да се глупираш? Децата за 2 дена продолжуваат со училиште

Продолжува драмата помеѓу веќе бившите сопружници Роберт и Агнеса.

Вечерва Роберт штотолку објави нов пост на својот фејсбук профил во кој и се обраќа на сопругата Агнеса:

„Само ме занима кога ќе престанеш да се глупираш? Децата за 2 дена продолжуваат со училиште, ти акаш лево, десно, децата не се дома кај што им е компјутерот за онлајн настава, учебниците и приборот.“ – напиша тој.

Агнеса Органџиева, поранешната сопруга на Роберт Орданоски отворено во јавноста зборува за нејзиниот брак со екс-директрот на АЕК.

Многу пораки добив на Инстаграм и треба да му се заблагодарам што ме направи актуелна. Веќе 20-30 илјади ме следат. И не може сите да ме сакаат, јас и тоа го разбирам. Во тие 20 проценти скоро сите се жени, кои никогаш во животот не биле на педикир или на маникир, не биле во салон никогаш.

Смешен е што вели дека јас секој ден сум одела на фризер. А секој ден имало ручек и сум готвела. Но, да точно е дека излегувам од дома средена. Не ми пречи што ме нарече фотошоп барбика, ме знаат луѓето, јас си се знам себе си и не се замарам. Не ми пречи, тоа си е негово мислење. А нормален маж за жена со која спиел заедно во кревет скоро 20 години нема да ја нарече така. Ако не пукнело сега, ќе пукнело за пет години. Извини, ама млада сум, имам само 37 години и сакам да се посветам на себе и децата.

Многу убаво размислив за се, но не очекував дека ќе пишува глупости. Многу ниско од негова страна. Сепак, сум му родила две деца. Што и да е тој треба да ме почитува како мајка на неговите деца. Ништо повеќе. И требаше да биде горд. Како што вели дека е школуван, требаше да постапи правилно и културно. До вчера спиел со мене. Сум му правела кафе, ручек, се што сакал, бил како крал дома.

А негативните коментри, особено од жените многу ми се смешни. Жени што до Вардар не отишле. Затоа не се замарам. – изјави Агнеса.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!