понеделник, 19 април, 2021

Премиерот Зоран Заев штотуку соопшти убава вест за процесот на вакцинација

Премиерот Зоран Заев на својот фејбук профил денеска сподели со јавноста и граѓаните убава вест поврзана со вакцинирањето.

„ Имаме убава, среќна вест. Добиваме 8.000 Фајзер вакцини од Србија. Претседателот Вучиќ денес ми потврди дека Србија ќе ни помогне со вакцини од нивната набавка, кои ќе ги платиме по набавна цена.Ова е чин на солидарност на нашиот сосед и зацврстување на нашето пријателството. “ – сподели Премиерот.

„Во тек се преговори околу техничките процеси за доставување на вакцините, а со првите дози ќе се вакцинираат здравствените работници, хронично болните лица, возрасните и други ризични категории.“ – напиша тој.

Србија ќе и даде на Македонија 8000 вакцини од производителот Фајзер. Деновиве ќе се договорат и деталите околу испораката. Српскиот претседател Вучиќ во телефонски разговор со Премиерот понудил вакцините да се доделат како донација но Заев инсистирал тие да бидат платени по набавна цена.

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во телефонски разговор му соопштил на премиерот Заев дека се подготвени да ни дадат 8000 вакцини од производителот ,,Фајзер“. Наредните денови двајцата министри за здраство Венко Филипче и Златибор Лончар ќе ги договорат деталите околу постапката за испорака. Вучиќ инсистирал вакцините да бидат донација но Заев тоа не го прифатил по што било договорено да се платат по набавна цена.

Клиниката за трансфузиологија отстапи два фрижидера за чување на вакцините. До крајот на месецот ќе пристигнат уште три .Во февруари се очекуваат и вакцините преку Ковакс системот за кои е направена уплата и обезбдена гаранција.

Од министерството за здраство немаат информации колкава количина вакцини Македонија ќе добие од земјите кои се понудија да помогнат, Бугарија, Грција, Полска и Австрија. Велат дека тоа е одлука на нивните влади а понудените вакцини може да бидат донации или да се платат од фондот од 70 милиони евра кои Европската комисија ги обезбени за земјите од регионот.

Вкупната количина на вакцини преку Ковакс системот за нашата држава изнесува 833000 дози.Први ќе се вакцинираат здравствените работници а потоа хронично болните и возрасни лица.

За ова на својот фб профил објави и Вицепремиерот на Владата за борба против корупција, Љупчо Николовски:

– „Премиерот Зоран Заев, штотуку соопшти убава вест, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска потврди дека Србија ќе ни помогне со најмалку 8.000 вакцини од Фајзер, кои ќе си ги платиме по набавна цена.“

„Ова е одлична вест, институциите се подготвени за процесот на вакцинација, здравјето на граѓаните е наш врвен приоритет.“ – напиша тој.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!