петок, 29 септември, 2023

(ФОТО) Евакуирани учесниците на пробната инаугурација на Бајден, избил пожар во близина на Капитол Хил

Евакуирани се учесниците на пробната инаугурација на Џозеф Бајден, а самиот Бајден не бил на пробата.

Причина за паниката бил пожар кој ви близина на Капитол хил го предизвикале бездомници.

Шефот на противпожарната служба рекол дека инцидентот, кој се случил во 10:14 часот по локално време, е поврзан со помал пожар, кој е изгаснат, пренесе „Си-Ен-Ен“.

Како што објасни, станувало збор за мал инцидент кој и не може да се смета за инцидент.

„Сите згради во рамките на комплексот Капитол се блокирани поради надворешна безбедносна закана. Не е дозволено ниту влегување ниту излегување, бидете подалеку од надворешните прозорци и врати, а доколку сте надвор побарајте засолниште“, стои во предупредувачката порака пратена до вработените во Капитол, пренесе „Си-Би-Ес“.

Тоа предупредување е прочитано и преку мегафон, а на учесниците на пробната инаугурација им е кажано веднаш да се евакуираат.

Евакуирани се западното крило на Капитол и првиот кат.

Надлежните велат дека немало закани по јавниот интерес и дека се верува дека пожарот не претставува закана за инаугурацијата, закажана за во среда.

Моментално илјадници војници се наоѓаат околу Капитол, кој се подготвува за инаугурацијата на избраниот претседател Џо Бајден, која ќе се изврши на 20 јануари.

Два дена пред инаугурацијата на новиот претседател на САД Џо Бајден Капитол хил е повторно во паника, овој пат поради „надворешна безбедносна закана“.

Се уште не е јасно за каква закана станува збор.

Забранет е влез во зградата или излез од неа,а од овој објект се евакуирани учесниците во пробната инаугурација на Џо Бајден.

Од еден дел од зградата се гледа чад.

Извор: Канал 5

Коментари

коментари