Трамп – претседател на САД кој што најмногу направил за Израел

Уште од времето на основањето на Израелската држава во 1949 година зад Израел цврсто стоеше САД. Израел е единствениот стратешки сојузник на САД на Близкиот Исток, и во сите Израелско – Арапски војни САД директно стоеше и го поддржуваше Израел, што доведе до четири огромни воени победи на Армијата на Израел над коалицијата армии на Арапските држави. САД со години го поддржуваат воено Израел, преку донација и продажба на најсовремените одбранбени системи, како и споделување на сензитивни разузнавачки информации со Израел.

Од почетокот на својот мандат Трамп зазеде про-Израелска страна и позиција на Близкиот Исток. Претседателот во заминување Трамп е американскиот претседател кој што најмногу направи за Израел во историјата. Истото се однесува и за државниот секретар Мајк Помпео, како и за целата претседателска администрација. Зет му на Трамп, Џерард Кушнер кој што е евреј, ја раководеше надворешната политика на САД спрема Израел и Близкиот Исток, и под негово водство Израел ја зацврсти својата позиција на Близкиот Исток.

Што направија Трамп и неговата администрација за Израел во последните четири години:под водство на Трамп САД излезе од нуклеарниот договор со Иран и ги воведе најжестоките санкции против Иран

САД ги принуди дел од арапските држави и муслиманските држави ширум светот (Обединетите Арапски Емирати, Бахраин, Мароко, Бутан) да го признаат Израел и да ги нормализираат односите со Израел и да воспостават дипломатски и економски односи со Израел

Трамп и Кушнер ги принудија Катар и Саудиска Арабија да ги нормализираат своите односи, да го прекинат непријателството, и да ги насочат своите сили против Иран

-Трамп и Кушнер го завршија создавањето на анти-иранска коалиција, и го ставија Иран во стратешко опкружувањеТрамп го призна Ерусалим за главен град на Израел и ја префрли Амбасадата на САД во Ерусалим

Трамп и САД ги признаа Голанските висорамнини за дел од Израел. Израел Голанските висорамнини кои што имаат стратешка местоположба и кои што изобилуваат со подземни извори на вода со кои што се снабдува Израел беа освоени од Сирија во 1967 година

на почетокот на 2020 година по наредба на Трамп воено воздушните сили на САД го ликвидираа водачот на иранските специјални сили КСИР, кој што беше најголем непријател на Израел на Близкиот Исток, и беше еден од стратезите кој во 2006 година ја организираше стратегијата и одбраната на Хезболах во војната против Израел

под водство на Трамп САД му ги продаде на Израел специјалните бомби против бункери под земја GBU-57, кои што можат да уништат бункери, бази и објекти на 60 метри под земја, и да пробијат 19 метри бетон и железо

САД набавија против-воздушни системи Iron Dome со близок радиус на дејство од Израел

САД ги поддржаа плановите на Израел да продолжи со изградба на нови еврејски населби на палестинска територија

Трамп и неговата администрација во Израел и кај евреите ширум светот ќе останат запомнети како претседател и администрација кои што најмногу направиле за Израел.

Пишува: Дарко Тодоровски

Коментари

коментари

error: Content is protected !!