Гардијан: Потребно е масовно вакцинирање за враќање во нормала

Првите резултати од влијанието на вакцината со која масовно почнаа да се вакцинираат граѓаните на Велика Британија треба да бидат видливи за неколку недели, пишува британски Гардијан. Според англиските доктори бројот на заразени лица треба да почне да опаѓа кон средината на следниот месец, додека пак смртноста треба да почне да се намалува на почетокот на март. До април се очекува смртноста да се намали за 20 проценти.

Од влијанието на вакцинацијата зависи и тоа кога ќе почнат да се олабавуваат мерките. Иако вакцинацијата почна во повеќе земји во светот, сепак експертите сметаат дека влијанието ќе зависи од регион до регион и од тоа која група на гараѓани прва се вакцинирала.

До сега во Велика Британија се вакцинирале околу 3 милиони луѓе, од кои најголем дел се стари лица, граѓани со хронични заболувања како и здравствени работници. А според најавите на тамошните власти до 15 февруари треба да се вакцинираат околу 15 милиони луѓе.

Со вакцинација почнаа и во САД, Данска, Франција, Холандија, Грција, Бугарија, Белгија, Израел, Бахреин, Индија и Словенија. Во Србија пред два дена пристигнаа милиони дози од кинеската вакцина Синофарм. Нашата земја меѓутоа ја нема на мапата на земји кои обезбедиле вакцини бар за една група ранливи категории.

Министерот за здравство Венко Филипче во вчерашното гостување во Сител најави дека вакцините кои земјата ги има обезбедено преку ковакс механизмот треба да пристигнат во февруари.

Филипче повтори дека преку ковакс механизмот ќе добиеме 833.000 дози за цела 2021 година.

Извор: sitel.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!