НЕВЕРОЈАТНО: Французинка три години докажува дека е жива

Судот ја прогласил за мртва по изјавата на поранешна вработена во компанијата во која заедно работеле.

Жен Пуша, 58-годишна Французинка, докажува дека е жива и здрава веќе три години, бидејќи судот ја прогласил за мртва, постапувајќи според исказите на една од нејзините поранешни колешки со која имала правен спор.

.

.

Тогашната пресуда стави крај на деценискиот спор меѓу неа и поранешната вработена и таа „стана мртва“ за Франција: беше избришана од службената евиденција, ја изгуби личната карта, возачката дозвола, здравственото осигурување, банкарските сметки. Едноставно, престана да постои.

Г-ѓа Пуша и нејзиниот адвокат сметаа дека брзо ќе го решат бизарниот проблем со потврда од доктор дека е жива, но бидејќи постоеше законска пресуда, тоа не беше доволно, пренесува AFP.

Официјално е мртва од 2017 година и оттогаш се плашеше да ја напушти куќата за да не дојде во ситуација да мора да го докаже својот идентитет. И сето тоа затоа што нејзиниот живот заврши на хартија без судот да ги провери фактите.

Сè започна во 2000 година, кога нејзината компанија за чистење мораше да отпушти некои од своите вработени затоа што изгуби голем договор. Една од вработените ја тужеше компанијата и во 2004 година судот и наложи на компанијата да и исплати отштета од 14.000 евра, но пресудата никогаш не беше извршена.

Пет години подоцна, поранешен вработен се обиде да ја земе сумата од г-ѓа Пуша, но случајот беше отфрлен. Во 2016 година, таа повторно поднесе тужба до судот, кој верувајќи дека Жен Пуша е мртва, им нареди на нејзините наследници, сопругата и синот да платат отштета.

Од сето ова, се поставува прашањето зошто судот одлучи да ја прогласи за мртва. Поранешната вработена и нејзиниот адвокат тврдат дека самата г-ѓа Пуша е виновна затоа што не одговорила на преписката и се обидела да избегне парница.

Тоа беше доволно за судот – тој веруваше во верзијата на вработената дека нејзините писма остануваат неодговорени, од кои може да се заклучи дека Жен Пуша починала, и тоа го заклучиле без да побараат други докази.

Бидејќи беше лесно да се прогласи за мртва, сега е многу потешко да се смени судската одлука и да се „оживее“ г-ѓа Пуша. Таа се појави пред судиите неколку пати во последните три години, но нејзиниот правен статус останува неизвесен.

Повеќе не е „мртва“, но не е ни жива. Таа е „некаде помеѓу“. Ниту г-ѓа Пуша, ниту нејзиниот адвокат не знаат колку ќе трае битката за нејзиното „враќање во живот“.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!