Делови од планината Водно ќе бидат заштитени подрачја

Водно, едно од главните прибежишта на скопјани во природа и на чист воздух ќе биде прогласено за заштитено подрачје од петта категорија.

До сега планината ја одржуваше паркови и зеленило, а сега со оваа постапка ќе се формира јавно претпријатие од експерти и чувари на подрачјето кои ќе се грижат за доброто на Водно.

Експертот и раководител на студијата Васил Анастасовски вели дека штетите кои се нанесоа на планината изминативе години со ова ќе запрат.

Немаше некоја посебна контрола на тоа што му се случуваше на водно од урбанистички аспект, сега се смета дека ќе биде тоа прашање ќе биде апсолвирано со тоа што ќе има солиден, квалификуван управувач со Водно.“

Урбанизацијата и експанзивното градење на планината изминативе години поттикна големо незадоволство кај скопјани, а најмногу кај оние кои живеат во овие предели на Водно, стравувајќи за сигурноста и своите домови поради свлечиштата од неконтролираното градење.

Анастасовски вели дека во нацрт-одлуката е предвидено да остане само тоа што е изградено, односно да не се проширува урбанизирањето.

Еко-активстите до сега беа едни од најгласните за зачувување на природата и остро ја критикуваа урбанизацијата на планинскиот предел, а имаа и неколку демонстрации во изминативе неколку години меѓу кои беше и онаа кога се најави дека гасоводните цевки ќе поминуваат токму низ планината.

„Благодет е во близина на град како што е Скопје да има едни вакви простори со зеленило и уредени делови кои што овозможуваат активности и пред се чист воздух што му е потребен на секој граѓанин на градот.“

Следниот месец нацрт-одлуката која ја објави Министерството за животна средина ќе се стави на јавна расправа каде што ќе можат да се даваат забелешки и коментари од страна на еко-активистите и засегната јавност. Откако ќе се изготви конечниот акт, ќе биде доставен на Влада на усвојување.

Извор: kanal5.com.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!