недела, 28 февруари, 2021

Македонската ракометна репрезентација доживеа дебакл од Египет

Македонската ракометна репрезентација го доживеа најголемиот СРАМ и ДЕБАКЛ во поновата историја, веројатно како никогаш досега сме понижени од Египет, во натпревар од второто коло од групната фаза на Светското првенство.

Домашната селекција Египет ја победи Македонија со убедливи 38:19.

Избраниците на Данило Брестовац на дуелот со Египет не беа ниту пет минути рамноправен ривал.

Домаќините на стартот од мечот поведоа со 2-0, а за неколку минути и 5-2. Египет продолжи со фуриозната игра, а Македонија застана, што негативно се одрази на семафорот, 9-3.

Нашата селекција речиси 10 минути не постигна погодок, Египет пак, во меѓувреме ја полнеше мрежата и се одлепи на 16-6.

До крајот на првиот дел, Македонија повторно влезе во „црна дупка“, а Египет со нови четири голови го заокружи полувремето за 20-6.

Парондо ротираше во Египет, на клупа беа главните играчи, исто како и кај нас. Стоилов и Лазаров воопшто не влегоа во игра, а Поповски изведе само пенал. Отворивме со гол, а потоа со серија од 5-0, домаќините дојдоа до 25-7. Потоа само следуваше зголемување на разликата, која на крајот заврши со вкупна разлика од 19 голови.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!