Mакедонската одбојкарска селекција избори уште еден пласман на Европско првенство, втор во низа по големата победа вечерва над Турција.
„Црвено-жолтите“ вечерваа одигра одличен натпревар против фаворизираниот противник и славеа победа од 3-1, што беше трета наша победа во квалификациите за 9-ти бод.




Првио сет припадна на Македонија со 25-19, во вториот ривалот се реваншираше со 21-25 и израмни на 1-1 во сетови.
Третиот сет по голема борба го добивме со 25-23, додека во последниот сет на овој меч, четвртиот Македонија одигра на ниво и го добие со 25-17 за победа од 3-1 во сетови.




Никола Ѓорѓиев со 24 поени и Љафтов со 23 поени беа најефикасни во селекцијата на Македонија.