петок, 26 февруари, 2021

Како ви започнува денот: Кафе или чај? Откријте ги придобивките и сами одлучете што е подобро за вас

Има два типа на луѓе, едните кои го сакаат кофеинот и утринскиот ритуал им почнува со шоља јако кафе, а другите кои се љубители на билниот врел пијалак, и одлучуваат денот да го започнат со чај.

Многумина се двоумат затоа што е подобро и поздраво да одберат, затоа во овој пост ви издвојуваме неколку важни и корисни информации кои ќе ви помогнат во вашиот избор.

Дали доволно е здраво да се будите со кафе? Дали чајот навистина ви го буди мозокот? Откријте ги предностите, а потоа самите проценете што повеќе ви одговара.

Предностите на чајот

1.Откриено е дека белиот чај содржи повеќе антиоксиданси отколку зелениот, што значи дека е поефикасен во борбата против неколку видови рак, воспалувања и срцеви болести.

2. Зелениот чај ја зголемува оксидацијата на масти.

3. Белиот чај го спречува производството на масни наслаги, а со тоа помага во борбата против вишокот килограми.

4. Го спречува развојот на дијабетес од тип 1 и го забавува напредокот ако веќе се појавил.

5. Оние кои пијат повеќе од 10 шолји чај дневно имаат помалку проблеми со црниот дроб.

6. Луѓето кои пјат црн чај четири пати дневно имаат пониско ниво на кортизол, хормонот кој предизвикува стрес.

Предностите на кафето

1. Луѓето кои пијат многу кафе имаат помалку шанси да заболат од Алцхајмерова болест.

2. Ако кафето се пие подолг период, може да го намали ризикот од срцеви болести.

3. Состојките кои се наоѓаат во кофеинот се користат и за лекови за лечење на срцеви болести и против несоница.

4. Студиите покажале дека кафето помага во спречување на дијабетесот од тип 2.

5. Кофеинот ја зголемува ефективноста на лековите против болки.

6. Кафето го штити црниот дроб, посебно од цироза и рак.

Кафето пред доручек лошо влијае на нашето здравје

Без разлика дали го сакате со пена или шекер, на кафето обично му претходи доручекот. Подоцна, во текот на денот, обично пиеме уште неколку шолји, без оглед колку се чести нашите оброци и каква е нивната хранлива вредност.

Кафето пред доручекот лошо влијае на нашето здравје. Тоа не се однесува само на ”кофеинскиот шок“ ако се претера со овој популарен пијалок.

Ако повремено пиете кафе на празен стомак, оваа навика не мора да биде штетна. Меѓутоа, ако се продолжи со оваа практика, ризикувате голем број на болести како што се чир на желудник, иритација на цревата, а во најлош случај карцином на еден од органите за варење.

Исто така, на никој не му треба металоиди, грчеви и гас за време на важен деловен состанок или романтична средба во раните попладневни часови. За жал, и ова се некои од несаканите ефекти од конзумирање кафе без соодветен оброк.

Затоа ве советуваме денот да го започнете со лесен појадок или овошје. Ако немате време за тоа, додадете малку млеко или путер во кафето, вашиот стомак ќе ви биде благодарен.

Во секој случај има многу причини да не се откажувате од пиењето кафе, една од нив е и веројатноста за подолг живот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!