среда, 1 декември, 2021

Хоpop во Србија: Семејна дpама заврши тpагично

Во селото Расно во близина на Нови Пазар во Србија, денеска се случило повеќекратно убиство. Осомничен е Е.Т. (44) за убиство на три лица и сериозно ранување на едно лице.

Енедин Турковиќ (44) откако ги застрелал поранешната сопруга Бисера Ш.(44) и нејзините родители Фехим П.(64) Шефка Ш.(60) се самоубил. Тој по неколку часа бил пронајден и опколен од полицијата во својата куќа во селото Долиќе, но не сакал да се предаде и се убил.

.

.

Според српските медиуми, жртвите биле застрелани во нивната куќа, а тројцата убиени починале на самото место на злосторството. Убиецот пукал и во Беким Ш.(35) брат на Бисера, како и во Зинета А. и Невзат А., соседи кои биле во куќата. Жртвите биле пронајдени во локви крв лежејќи едни врз други.

Некои медиуми објавиле дека осомничениот дошол од Германија, каде што работел привремено. За сега не се познати мотивите за масакрот.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!