вторник, 18 јануари, 2022

Дали сме спремни за легализација? Еве кои се придобивките, а кои негативните страни

Прашањето за легализација на канабисот во Македонија, стана особено актуелно во последниот период и жестоко се разговара во јавноста на оваа тема.

Како граѓаните така и политичарите и медицинските лица ги споделуваат своите ставови во однос на ова прашање. Коментарите и аргументите кои се пласираат во јавноста се разликуваат, па додека едни го поддржуваат и оправдуваат легализирањето на канабисот и сметаат дека државата и граѓаните можат да стекнат само придобивки, други не се согласуваат и потенцираат на штетното влијание и можноста за злоупотреба.

На која група припаѓате вие, дали сте ЗА или ПРОТИВ легализирање на канабисот или можеби се уште немате став по ова прашање. Во овој пост ги издвојуваме сите корисни информации во врска со оваа тема, па сами проценете која страна ќе ја заземете.

Со легализирање на канабисот се намалува користењето на потешки дроги

Еден од аргументите е дека со легализирање на марихуаната, покрај медицинската и рекреативната употреба, се намалува бројот на корисници на ова растение, но и значително влијае на намалување на користењето на потешки, хемиски дроги. Ако се следат научните истражувања, кои во последните неколку години, земаат се поголем замав, тогаш јасен е трендот на намалување на бројот на корисниците. На пример, во Канада и во американските држави Колорадо и Орегон, користењето на марихуаната во рекреативни цели се намалило за 50 отсто, особено кај младата популација.

Секогаш се поставува прашањето дали таа навистина води кон консумирање на потешки опојни средства, нешто што според докторот од Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски претставува само заблуда, а не и реалност.

– Заблуда е дека консумацијата на марихуана мора да доведе кон посегнување кон потешки дроги. Во мојата тридеценски пракса сум се сретнал со голем број на уживатели кои никогаш не посегнале кон наркотични средства – вели д-р Беќаровски.

Економски придобивки за државата

Квалитетното регулирање на ова прашање, може да донесе повеќе поволности за државата и тоа во однос на регулирање на трговијата со марихуана, намалување на криминалитетот и секако економски придобивки, пред сè во туризмот и угостителството.

За економските придобивки во јавноста отворено зборува и Премиерот Зоран Заев, кој вели дека планот за декриминализација и легализација на марихуаната е дел од поширок економски пакет со кој сака да живне домашната економија.


Откако ќе се дозволи извоз на цвет од канабис за медицински цели со измени на Законот за контрола на опојни дроги, во земјата ќе почне широка дебата за целосна легализација на канабисот. До јуни 2021 се очекува да биде отворена дебатата, по што процесот ќе оди во Собрание, вели премиерот Зоран Заев, кој очекува оваа година да се отвори дебата за декриминализација и за целосна легализација на канабисот.

„Не е во ред некој да оди во затвор затоа што користел половина грам природен канабис за лична употреба, во време кога веќе насекаде низ светот оваа билка станува легална и за медицинска и за економска дејност“, оценува Заев, кој денеска презентираше и конкретни калкулации за тоа колкав би бил бенефитот од производството на кабанис, и од економска, но и од медицинска гледна точка.

Сузбивање на црниот пазар

Од Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА ја поддржуваат ова иницијатива и се надеваат дека конечно ќе се сузбие црниот пазар на марихуаната и ќе се воведе ред во однос на ова прашање.

Според Јанаки Митровски, претставник на здружението една од главните цели и бенефити треба да биде сузбивање на црниот пазар.

„На македонските улици има исклучително низок квалитет на канабис зачинет со адитиви како пипс, син камен и слично. Контрола на квалитетот треба да падне на плеќите на надлежна агенција“.

Дали и колку е подготвена Македонија за целосна легализација на марихуната? 

Според психијатрите, земјава е далеку од подготвена за таков чекор бидејќи нема протоколи и услови за масовна употреба на оваа супстанца.

Добар дел од консументите ја користат сè почесто и почесто и влегуваат во замката на зависноста. Легалзиација на марихуната значи дека се отвара пандорината кутија.Треба да најдеме начин бидејќи, не можеме да ги контролираме децата колку одат во обложувалници, истото би се случувало и во тие “coffe shops” како ќе се регулира тоа? Тоа треба да биде процес кој ќе помине неколку фази..и повторно да биде строго лимитирано, изјави за Алфа, д-р Ставре Грамов, психијатар.

И министерот Оливер Спасовски изјави дека вреди да се отвори дебата за легализација на марихуаната. Тој рече засега нема конкретни анализи дали легализацијата би ја намалила стапката на криминал со нелегална трговија со дрога, но вели треба да се отвори широка дебата дали државата е подготвена за таков чекор.

Каква е ситуацијата во Европа и регионот?

Инаку, веќе добар дел од државите од Европа ја имаат декриминализирано марихуаната. Пред точно седум години Швајцарија преку законски измени го стори тоа.

Во земјава е дозволено да се поседува до 10 грама, доколку полицијата открие поголемо количество тогаш казната е околу 80 евра и се добива прекршочна пријава. Прва држава на која граѓаните им текнува кога ќе се спомне легализација на марихуана е Холандија, поточно Амстердам.

Според податоците во градот има 200 продавници и локали во кои се продава марихуана и производи од канабис. Канада е една од последните држави која ја легализираше марихуаната пред точно две години. На Канаѓаните им е дозволено да одгледуваат, поседуваат и конзумираат канабис за рекреативни цели. Сепак марихуаната во Канада не може секаде да се користи и употребува. Во Монтреал, за употреба на марихуаната важат истите правила како за цигарите. Но во дел од градовите џоинт може да се пуши само дома.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!