понеделник, 19 април, 2021

Заврши расправата за законот за попис – Ќе има продолжение на седницата за гласање

Расправата заврши, а Законот не е донесен откако потпретседателот на Собранието Горан Мисовски ја прекина собраниската седница на која после три дена заврши расправата за Законот за попис.

Министерот за правда Бојан Маричиќ меѓу другото рече дека државата е подготвена за попис, а доказ за тоа е и Извештајот на Европската Комисија, во кој е наведено дека е направен добар напредок, особено во спроведувањето на пилот фазата од пописот на населението, како и тестирањето на новата методологија.

А опозицијата не попушта и останува на ставот дека власта насила „турка“ попис, а тие како партии биле игнорирани од власта по ова прашање. Пописот, велат од таму треба да покаже колку луѓе живеат во Македонија а не колку луѓе имаат македонско државјанство.

Прв пат попис во Македонија е спроведен во 1948 година. Оттогаш до сега се организирани осум пописи, последниот во 2002 година. Во 2011 година пописот беше прекинат откако членовите на пописната комисија поднесоа колективна и неотповиклива оставка.

Но, според поранешното СЈО кое водеше истрага пописот во тоа време бил прекинат како резултат на договор помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети затоа што, како што тврдеше специјалното обвинителство не можејќи да ги сокријат демографските факти за земјата, а со цел да избегнат одговорност, се договориле да претстават дека причините за стопирање на пописот се од техничка природа. Со тоа го оштетиле државниот буџет за безмалку три милиони евра.

Извор: 24 Вести

Коментари

коментари

error: Content is protected !!