петок, 26 февруари, 2021

Откриена мистеријата за најосамената куќа на светот

Јужно од Исланд на островот Елижај (Elliðaey) е изградена мала бела куќа за која се верува дека е најосамената во светот.

Постојат бројни мистерозни теории за куќата, а според една куќата е изградена од милијардер кој планирал да се пресели на оддалечен остров во случај на апокалипса во која би се појавиле зомби на Земјата.

.

.

Друга теорија вели дека во таа куќа живее религиозен фанатик. Имаше и приказна дека исландската влада и го предала островот на пеачката Бјорк, но тоа беше демантирано. Имаше дури и такви кои тврдеа дека куќата воопшто не постои, но фотографиите што се појавуваат на социјалните мрежи се доказ дека таа постои.

Елижај (Elliðaey) е дел од архипелагот Вестманејајар, сега е целосно напуштен, но бил населен до пред околу 300 години. Пет семејства живееја таму и главно егзистираа од риболов, лов на пуфини (вид птица) и одгледување добиток. До 1930-тите, последните жители го напуштија островот, кој оттогаш е ненаселен.

Вистинската приказна за мистериозната куќа на островот е далеку помалку возбудлива од теориите што постојат за тоа. Куќата всушност служи како база за група која организира активности на ловци на островот. Куќата нема електрична енергија, проточна вода и внатрешно водоснабдување.

Сепак, има сауна која е снабдувана од природен систем за собирање дождовница.

Островот е природен резерват и заштитено подрачје, а туристичките компании нудат еднодневни патувања до Елижај, за туристите кои сакаат да ја истражат неговата околина.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!