КОЛЕКТИВНА ОСТАВКА НА ЦЕЛА ВЛАДА: Голема неправда направена врз невини семејства

Владата на холандскиот премиер Марк Рут колективно ќе поднесе оставка поради извештајот во кој се обвинува за лошо управување со субвенциите за грижа за деца, што доведе илјадници семејства во финансиска пропаст.

Наведено е дека Рут ќе понуди оставка на неговиот кабинет.

Доколку Владата поднесе оставка, тоа ќе биде трет пат како кабинетот на Руте паѓа поради скандалот со додатоците за грижа за децата, два месеци пред изборите за долниот дом на парламентот.

Како што е најавено, Рут наскоро ќе одржи прес-конференција.

Според парламентарната истрага се заклучува дека минатиот месец дека е направена невидена неправда кон невини семејства, кои беа принудени да вратат десетици илјади евра субвенции, што доведе до невработеност, банкрот или развод, објави претходно Гардијан.

Рут, кој е на функција од 2010 година, на крајот на минатиот месец рече дека аферата, која трае скоро цела деценија, е срамна.

Марк Рут

Околу 10.000 семејства добија компензација во износ од најмалку 30.000 евра.

Семејствата оваа недела покренаа обвиненија против петмина политичари, вклучувајќи ги министерот за финансии Вопке Хоекстра и министерот за економија Ерик Вибес, за нивната улога во лошото управување со субвенциите.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!