понеделник, 25 октомври, 2021

Грција експресно се наоружува: Купуваат 18 авиони – ѕверови на небото

Грчкиот парламент, заедно со огромното мнозинство од владејачката Нова демократија и опозициските партии СИРИЗА, Движењето за промени и грчкото решение, усвои предлог-закон за набавка на 18 воени авиони „Рафал“ од Франција, пренесува МИА.

Грчкиот министер за одбрана Никос Панајотопулос, во обраќањето пред парламентот, ги повика сите партии да гласаат „за“ предлог законот и „да испрати јасен сигнал во секоја смисла дека Грција е решена да стори се за да ги заштити своите суверени права, да се соочи со секоја провокација и безбедносна закана во поширокиот регион “.

Никос Панајотопулос

Грција ќе набави шест нови и 12 користени воени авиони, а вкупните трошоци за таа набавка изнесуваат 2,49 милијарди евра.

Покрај набавката, цената вклучува и трошоци за одржување, како и набавка на опрема за оружје во авионите.

Воен авион „Рафал“

Според грчките медиуми, на крајот на месецот во Атина ќе биде потпишан договор за купопродажба на авиони со министерот за одбрана на Франција.

Првите шест авиони треба да пристигнат во период од шест месеци од потпишувањето на договорот, односно по еден авион секој месец.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!