Еве кои се најчестите симптоми кај заболените од Ковид-19 во Македонија – според Институт за јавно здравје

Заклучно со 10.01.2021, пријавени се вкупно 86.597 случаи на COVID-19 – соопшти Инстутутот за јавно здравје.

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата.

Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Гостивар, Штип и Битола додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Струга, Охрид и Крушево. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга (Табела 1).

Во најголем дел од државата се забележува намалување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди, во Виница и Дебар се забележува минимално зголемување, додека позначајно зголемување на бројот на новозаболени се регистрира во Крушево, Берово и Македонски Брод.

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 6.420,7 на 100.000 жители, Скопје (6.073,9/100.000), Кавадарци (5.319,1/100.000) и Свети Николе (5.128,7/100.000), а инциденца под 2.000 заболени на 100.000 жители се регистрира во Радовиш и Крушево (Табела 1, Картограм 2).

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 44.184 машки и 42.413 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 4.262,7/100.000, а кај женските 4.107,2/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 45,3 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 20.186 (23,3%) со инциденца од 5.266,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 5.726,9/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (15.924 заболени). Најниска инциденца од 759,3 и 1.466,7 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 1.738 и 3.670 случаи соодветно (Графикон 1).

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.406) е регистриран на 17.11.2020.

Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.480) е регистриран 47-та недела (Графикон 2). По пет недели регистриран пад на бројот на ново заболени лица, во последната недела е регистрирано зголемување.

Во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (68,4%), кашлица (40,0%), малаксаност (39,4%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,3%), главоболка (22,2%), мускулна болка (18,3%), болка во грло (14,3%) и отежнато дишење (9,9%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=70.094; 80,9%), кај 15.117 или 21,6% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!