недела, 24 јануари, 2021

Зошто за Василица се крши лебче со паричка?

Иако кај нас обичаите налагаат тоа да се прави на бадниковата вечер, сепак во некои делови од земјава адетот со кршењето на лепчето или погачата со паричка се прави на Василица, денот на свети Василиј Велики.

Според свештениците, лепчето се крши на 14 јануари, но тоа може да се стори и вечерта на 13 јануари, во пресрет на празникот.

Кршењето на лепчето со паричка за Василица е поткрепено со житието во кое се објаснува добрината на свети Василиј Велики. Василиј истапил пред епархот на Кападокија, кој бил алчен човек и имал обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот.

„Кога на свети Василиј му јавиле дека епархот повторно доаѓа, тој побарал од богатите луѓе во Кеасрија да ги донесат накитот и златниците. Кога епархот пристигнал, свети Василиј го пречекал и му го понудил богатството. Епархот се изненадил и одбил што било да земе, ниту, пак, го ограбил градот.

Тој никогаш веќе не се вратил, ниту пак им досадувал на верниците од градот. Но свети Василиј останал со сиот накит и златници токму на новогодишната вечер, не знаејќи кому што му припаѓа. Тогаш, просветлен од Господ, ги замолил готвачите да направат мали лебови за секој верник, во кои ставил од златниците и накитот.

Следниот ден, во црква, на сите им ги поделил. Секој го нашол она што претходно му го дал“. За спомен на овој настан до ден­денес се практикува на денот на свети Василиј Велики, односно на Нова година (по стариот календар), да се меси лепче со паричка, објаснуваат теолозоте.

Лепчето се разделува така што првото парче е наменето за спомен на Господ Исус Христос, второто за Пресвета Богородица, третото за свети Василиј Велики, а потоа лепчето им се разделува на присутните.

Извор: slobodenpecat.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!