недела, 24 јануари, 2021

(ВИДЕО) Погледнете го првиот гол на Кирил Лазаров пред 22 години,со коментар на Клински на СП во Египет

Кирил Лазаров, капитенот на македонската ракометна репрезентација, повторно се враќа во Египет, каде пред 22 години ја започна блескавата репрезентативна кариера на Светското првенство во 1999 година.

Она што го правеше пред 22 години како тинејџер, сега ќе го прави како најдобар македонски ракометар, капитен, лидер, човек со многу одличја и пример за секого. А дали знаете кога Лазаров го дал првиот гол?

Бекот тогаш на 19-годишна возраст стрелаше на дуел на СП 1999 во Египет, но не на негов својствен начин. Реализира од крилна позиција откако доби една топка од Боро Чурлевски без гледање, па дојде во позиција да реализира во последната секунда.

Уште од тогаш легендарниот коментатор Златко Калински кажа дека Кирил Лазаров е нашата голема ракометна надеж, која може да се вивне до европските и светските ракометни височини. И не погреш

Првиот погодок на Кирил Лазаров е постигнат на натпреварот против Саудиска Арабија, на кој се славеше со 28-21. Тоа воедно е и првата победа на македонската ракометна репрезентација на Светските првенства.

Легендарното видео од натпреварот во Египет во 1999 и првиот гол на Кирил Лазаров, може да ги погледнете ТУКА.

Извор: gol.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!