недела, 24 јануари, 2021

Екс-директорот на АЕК: Се разведувам со жена ми, олади затоа што не сум директор

Екс директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски на својот Фејсбук профил објави дека се разведува од својата сопруга.

Неа ја нарекува „фотошоп барбика“, а уште додава дека веројатно се оладила од него, откако тој повеќе не е директор.

Погледнете што напиша:

Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка и, фотошоп барбиката Agnesa Ordanoska не е тука, на 17-иот роденден на нејзината првородена ќерка, има поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила, најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директор и не е во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби, се надевам ќе си најде солвентен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене.

Голема благодарност до персоналот на хотел Молика, секогаш ми било и повеќе од пријатно тука, момците навистина се трудат престојот да ни биде незаборавен.

Големо благодарам за тоа, деновите тука се лек за проблемите дома.

Тоа е тоа, одиме понатаму.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!