недела, 24 јануари, 2021

16238 активни случаи на коронавирус во Македонија – Еве во кои градови има најмногу заболени на 100 жители

Во нашата држава според последната статистика има вкупно 16238 активни случаи на коронавирус, а ИЈЗ соопшти во кои градови има најмногу заболени на 100 жители.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87590, бројката на оздравени пациенти е 68695, на починати е 2657, а бројот на активни случаи изнесува 16238.

Министерството за здравство вчера информираше дека во последните 24 часа од направени 2543 тестирања регистрирани биле 477 нови случаи на Ковид-19, 10 починати лица на возраст од 47 до 88 години, сите починати во болнички услови и 331 оздравен пациент, информира Министерството за здравство.

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 10 јануари покажуваат дека најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители има во Штип.

“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 6.420,7 на 100.000 жители, Скопје (6.073,9/100.000), Кавадарци (5.319,1/100.000) и Свети Николе (5.128,7/100.000), а инциденца под 2.000 заболени на 100.000 жители се регистрира во Радовиш и Крушево“, стои во извештајот на ИЈЗ.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!