недела, 24 јануари, 2021

Сите ја имаме дома: оваа намирница прави чуда за вашиот организам

Уште од антички времиња медот имал двојно дејство, и како храна и како лек. Тој е особено здрав кога се користи како замена за рафиниран шеќер. Одамна е докажано е дека медот изобилува со многу здравствени бенефиции.

Високо квалитетниот мед содржи многу важни антиоксиданти, вклучувајќи фенолни состојки како флавоноиди. Антиоксидантите се поврзани со намален ризик од срцев удар, некои видови на рак, како и во подобрување на здравјето на очите. Антиоксидансите во медот се корисни за здравјето на срцето, вклучувајќи го зголемениот проток на крв во срцето и намалениот ризик од формирање на згрутчувања на крвта.

Според некои истражувања медот има позитивен ефект и врз нивото на холестерол. Тоа доведува до намалување на “лошиот” LDL-холестерол и подигнување на “добриот” HDL холестерол. Зголемените триглицериди се ризик фактор за срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Неколку студии покажуваат дека медот може да ги намали нивоата на триглицериди, особено кога се користи како замена за шеќер.

За деца постари од една година, медот може да делува како природен и безбеден лек против кашлица. Некои студии покажуваат дека медот може да биде поефикасен и од лекот за кашлица.

Кога се нанесува на кожата, медот може позитивно да влијае на изгореници, рани и многу други состојби на кожата. Тој е особено ефикасен за чиреви на нозете предизвикани од дијабетес.

За да уживате во неговите здравствствени придобивки одберете високо квалитетен мед, бидејќи некои од медовите со понизок квалитет можат да бидат мешани со сируп. Имајте на ум дека медот треба да биде конзумиран во умерени количини, бидејќи истиот е полн со калории и шеќер.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!