недела, 24 јануари, 2021

Секој матичен лекар добил протокол за лекување со „ивермектин“ – Неговата примена треба да биде исклучиво под лекарски надзор

Лекот, кој ќе се употребува и за пациенти болни од ковид-19, не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на ФЗО и ќе се издава на розев рецепт.


Стручниот колегиум за ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија и ковид-центрите во интернистичкиот блок, изготвиле мислење за употребата на лекот „ивермектин“ кај пациенти заразени со коронавирус.

Преку Лекарската комора, во текот на вчерашниот ден, протоколот бил испратен до матичните лекари, информираа од Министерството за здравство.

До крајот на неделата Лекарската комора ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат пртоколите, а веќе следната недела ЛК ќе организира онлајн дискусија со клиничките доктори за употребата на лекот.

Ивермектинот не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на ФЗО. Согласно Решението на МАЛМЕД истиот лек се издава исклучиво на рецепт и се применуваат одредбите за издавање на розев рецепт.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска, при отворањето на модуларната болница во Кичево, истакна дека вчера пристигнал лекот „Ивермектин“ и истиот е достапен низ аптеките.

Министерството за здравство потенцира дека „ивермектинот“ е антипаразитски лек со широк спектар на делување. Неговата примена треба да биде исклучиво под лекарски надзор без разлика дали станува збор за домашно лекување или хоспитализација. Тој додава дека овој лек е ефикасен за ковид-19 и треба да се зема само со препорака на матичен лекар.

Инаку, модуларната болница е опремена со 48 кревети, а следува и втората фаза на изградба на новата болница во Кичево.

Извор: 360stepeni.mk

Коментари

коментари

error: Content is protected !!