недела, 24 јануари, 2021

Крајот на пандемијата не е ни близу? Рекорден број на новозаболени за 7 дена, уште 5 милиони заразени во светот!

Бројот на лица заразени со Корона вирусот ширум светот се зголеми за скоро 5 милиони во текот на изминатата недела, што е рекорден број за една недела од почетокот на пандемијата, објави денеска Светската здравствена организација.

Како што е наведено, во неделата од 4 до 10 јануари во светот биле регистрирани 4.953.758 нови случаи, а починале 85.436 лица. Претходниот рекорд за седум дена беше поставен во неделата од 14 до 20 декември и изнесуваше 4.612.790.

.

Инциденцата на инфекција исто така се зголеми на 20 проценти, но исто така и процентот на смртни случаи за 11 проценти.

Во текот на минатата недела, најголем број новозаболени лица е забележан во Северна и Јужна Америка, 2,5 милиони, а починале 38 000 луѓе. Европа забележа 1,8 милиони нови случаи и 36 000 смртни случаи.

.

Кога станува збор за одделни земји, најголемиот јаз е забележан во САД, каде минатата недела се регистрирани 1,7 милиони нови случаи.

Италија, исто така, минува низ влошена епидемиолошка состојба, со околу половина милион луѓе во карантин. Во текот на последните 24 часа, во таа земја беа регистрирани повеќе од 14.000 новоинфицирани со Ковид

Коментари

коментари

error: Content is protected !!