Кога Националната библиотека на Австралија неодамна ги најде личните предмети на славниот поет Ендру Бартон Патерсон познати под псевдонимот Бенџо, последното нешто што очекуваа да го пронајдат е чоколадо старо 120 години.
Поврзано со кралицата Викторија, произведено во 1900 година, ова е едно од најдобро сочуваните чоколади од тоа време, изјави историчарот Ширлин Робинсон за Би-Би-Си.
.

.
Чоколадото е во многу добра состојба. Произведено е од компанијата Кедбери, а врежаното име Кедбери сè уште може да се види на секој ред чоколадца. Чоколадото сместено во метална кутија најчесто се продавало во близина на воените зони, по цена од 20 фунти, што е околу 27 долари.
Банџо Патерсон е познат во светот на литературата како еден од најпознатите поети во историјата на Австралија. Меѓу неговите најзначајни дела се песните “Waltzing Matilda”, “The Man from Snowy River” и “Clancy of the Overflow”.

Ликот на Патерсон е на австралиска банкнота од 10 долари, што сведочи колку тој навистина е познат.