сабота, 16 јануари, 2021

Нова директорка на англиски премиерлигаш е поранешна актерка во филмови за возрасни

Вест Хем Јунајтед ја именуваше поранешната порно ѕвезда Ева Ворли за нов директор на клубот. Таа е долгогодишен партнер на Дејвид Саливан кој е еден од сопствениците.

Ворли (55), чие вистинско име е Ема Бентон-Хјуз, глумеше и режираше бројни филмови за возрасни во 90-тите и раните 2000-ти. Сепак, фактот дека таа е партнер на косопственикот Саливан, кој е сопственик на Вест Хем заедно со Дејвид Голд, и дозволи да биде избрана во одборот на клубот во Лондон.

Саливан и Форли се запознале за време на соработка во порно индустријата каде поранешниот сопственик на Бирмингем Сити заработил големи пари. Ворли честопати можеше да се види за ложата на стадионот Вест Хем во минатото, а сега ќе игра и улога на функционер.

Покрај тоа што Форли беше именувана за директор на клубот, синот на Саливан, Дејв, доби и улога во управниот одбор на клубот, а другиот син Џек е извршен директор на женскиот тим на Вест Хем.

Популарните „чекани“ во моментов се наоѓа на 10-тото место во Премиер лигата со 26 бода по 17 одиграни кола.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!