сабота, 16 јануари, 2021

Најлуксузното одморалиште на светот? Неговата убавина ќе ви го одземе здивот

Сместено е во Јапонија, среде шума и е идеално за сите вистински љубители на природата.

Светот е полн со прекрасни глетки, нереални локации, дела направени од човек . Едно такво место се наоѓа среде шума, на планините Хокаидо во Јапонија.

Овој мал, но врвен, луксузен објект е создаден како дело на јапонското студио за архитектура, „Лабораторија за истражувачка архитектура и дизајн“.

Одморалиштето Језо е инспирирано од природата, има огромен дрвен покрив и неговиот изглед совршено се вклопува во азиската култура и естетика. Содржи елементи на експериментален дизајн.

Главниот детал на одморалиштето е покривот во чија внатрешност има тераса со две столици, а погледот на околните полиња е нереален. Главните материјали се дрво и камен, а при создавањето на Језо, важно било да се обезбеди вода и светлина.

Одмаралиштето располага со прозорци од подот до таванот и еден голем простор со кревет, место за седење, камин и скали. Поради својот импресивен централен бетонски оџак и виулестиот покрив, Језо ја освои “2020 Golden Needle Design Award”.

Језо е создаден за љубителите на природата и минимализмот, а бидејќи фотографиите зборуваат погласно од зборовите, ве оставаме да уживате во волшебните сцени на Јапонија и оваа луксузна градба.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!